-1.2 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Бранд незапирлив, го најави исходот и на дуелот на двете Борусии

Борусија Дортмунд ја победи Борусија од Менхенгладбах со 2-0 во првиот меч од 15-тото коло во Бундеслигата.

Стрелец на првиот гол со кој се најавија трите бода за Милионерите беше Џулијан Бранд, кој потврди дека е во одлична форма. Бранд дава гол на три меча по ред, има четири погодоци на последните три официјални средби во сите натпреварувања.

Конечните 2-0 ги постави Макс Бајер во судиското продолжение.

Нико Елведи од Менхенгладбах го одигра 300-тиот меч во Бундеслигата и стана петти странец во историјата на германската лига на кој ова му пошло од рака играјќи за еден ист клуб.

Борусија Дортмунд сега има 32 бода, шест помалку од лидерот Баерн Минхен, а три повеќе од третиот Лајпциг, со тоа што Баварците и Црвените бикови имаат одиграно по еден меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести