Ексјугословенските кошаркарски легенди, Дино Раѓа и Владе Дивац, се сретнаа во Белград на погреб на нивниот некогашен селектор Душан Ивковиќ, а дружбата ја продолжија вечерта во кафеана на прославената боемска улица „Скадарлија“.
Таму тамбураши се обидуваа да им го подобрат расположението и им свиреа на уво хрватски, српски и босански песни.