Браво момци! Македонија до 19 години ја победи фаворизираната Полска на нејзин терен

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години на најдобар можен начин ги отвори квалификациите за Европското првенство. Избраниците на селекторот Тони Јакимоски забележаа победа од 2-0 над домаќинот на турнирот Полска. Со тоа е отворен патот кон следната фаза, т. н. Елитна фаза, каде ќе се пласираат двете првопласирани селекции.

Македонија во водство дојде уште во 12-тата минута преку Никола Величковски, по одличната асистенција на Даниел Марковски.

Нашите момци со паметна играа успеваа да ја сочуваат предноста, но и да зголемат на 2-0 во 70-тата минута со прекрасниот еврогол на Мухамед Елмас.

На првиот натпревар од нашата група, Германија со убедливи 6-0 го победи Казахстан. Токму репрезентацијата на Германија е нашиот следен противник во натпреварот кој ќе се одигра в сабота со почеток во 15:30 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести