Петкратниот светски првак Бразил само по две кола во групната фаза од Светското првенство во Катар си обезбеди место во нокаут-фазата. Бразилците славеа со 2:0 над Србија во првото коло, а вчера со 1:0 беа подобри од Швајцарија. Сега им останува само уште дуелот против Камерун за потврда на првото место во групата.
Селекторот на Бразил, Тите, има мерак да игра со неколку напаѓачи во првиот тим, но тоа не значи дека одбраната е слаб дел од тимот. Напротив, Бразил покажа дека има гранитна одбрана, која досега не само што не е совладана, туку Алисон немаше ниту една интервенција затоа што немаше упатено ниту еден прецизен удар во рамките на неговиот гол.
Низ историјата на светските првенства, само еднаш се случило репрезентација да успее да се одбрани во првите две кола без противникот да упати ниту еден прецизен шут во рамките на нивниот гол. Тоа го направи Франција на Мундијалот во 1998 година. Токму таа година Галските петли стигнаа до планетарниот трон.
0 – #Brazil 🇧🇷 have become in just the second nation to not face a single shot on target in their first two #WorldCup games in a single edition after France in 1998 (2 games) since 1966. Unbreakable. pic.twitter.com/wPpJWlmedh
— OptaJose (@OptaJose) November 28, 2022