Бразил првпат во историјата ќе игра во дрес кој не е во жолта или сина боја

Најтрофејната фудбалска репрезентација во светот, Бразил, планира да направи еден радикален потег. Оваа јужноамериканска селекција во повеќе од 100-годишната историја играла само во жолти или сини дресови. Тоа се боите кои се доминантни на знамето на Бразил, па разбирливо е зошто тоа се и нивните заштитни бои на фудбалскиот дрес.

Сега се очекува првпат Бразил да заигра во дресови во зелена боја. Тоа нема да биде на офоцијален меч, туку на дуел од хуманитарен карактер. Засега не се знае противникот на Бразил, но јасно е дека тоа ќе биде средба која ќе се игра на „Арената Амазонија“.

Сите финансиски средства кои ќе бидат собрани од овој натпревар ќе бидат донирани во борба против уништувањето на Амазонија кое треа со години. Зелената боја е трета најзастапена на знамето на Бразил, а зелената боја е и заштитен знак на Амазонија.

- Оглас -

Најнови вести