Бразилецот дефинитивно си оди од „Камп Ноу“, Барселона го стави на трансфер листата

Фудбалерот на Барселона и член на бразилската репрезентација, Рафиња, најверојатно во зимскиот преоден рок ќе ќе си замине од каталонскиот тим и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, објавија шпанските медиуми.

Рафиња минатата сезона пристигна во Барселона од Лидс, но не ги оправда 60-те милиони евра вложени во трансферот. Бразилецот сезонава одигра 11 натпревари и постигна два гола.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, одлучи да го стави Рафиња на трансфер листата, а управата на каталонскиот тим ќе се обиде уште во јануари да го продаде. Најголем фаворит за потпис со Рафиња е Њукасл кој е подготвен да плати 50 милиони евра отштета.

Со парите од Рафиња, планот на Чави е да донесе замена за повредениот Гави за кого сезоната уште сега е завршена.

- Оглас -

Најнови вести