Манчестер јунајтед со пораз од Нотингам форест (1:2) ја заврши 2023 година, а со тоа заврши и најлошата година на едно од најскапите засилувања во историјата на Црвените ѓаволи, Антони.
Бразилецот беше стартер на синоќешниот натпревар, но не покажа апсолутно ништо и во 54-та минута беше заменет со младиот Диало.
Статистиката покажува дека Антони е најлошото засилување во историјата на Манчестер јунајтед.
Бразилецот сезонава не постигна ниту еден гол и немаше ниту една асистенција на 21 меч во сите натпреварувања, а календарската 2023 година ја заврши со само еден постигнат гол во 33 меча во Премиер лигата.
Антони во 2022 година за 95 милиони евра се пресели од Ајакс во Манчестер јунајтед и досега постигна само осум гола и имаше уште четири асистенции, бројки кои покажуваат дека тој е најлошото засилување во историјата на Црвените ѓаволи..