Специјални понуди во Sport Life вечерва има за два меча. Првиот е дербито во Шпанија меѓу Атлетик Билабо и Реал Мадрид. Кралскиот клуб има три нерешени средби по ред и сега ќе атакува на победа.
Ако се погледне како биле последните пет дуели на овие ривали, ќе се забележи дека биле досудени три пенали (два за Реал и еден за Билбао), што значи дека постои реална опција за удар од белата точка.
Интересно е и тоа дека главен адут на Кралскиот клуб во тие пет средби со Атлетик бил Родриго, кој бил стрелец на три гола. Бразилецот сега е во очајна форма и постави клупски антирекорд откако 30 меча по ред не постигнал ниту еден гол. Сега да заврши овој пост на Родриго, квотата е 3.50, а тој да биде стрелец на првиот погодок е со квота дури од девет.

Лидс има четири порази по ред и таа лоша низа ќе се обиде да ја сопре на свој терен против Челзи, кој игра одлично. Традицијата вели дека голови треба да има, а интересно е тоа дека на два од последните четири средби имало исклучување. Сега да има црвен картон е со квота шест, но треба да се погоди и кој тим ќе го заработи.
На еден од последните пет дуели имало дури и три пенали, што значи дека и таа опција е во игра. Секако, тука се и стандардните понуди за стрелец на гол комбинации за стрелец и победник на меч, како и статистичарските игри за вкупно шутеви во рамките на голот, изведени корнери, направени фаули, покажани жолти картони, офајди…


