Бразилска одбојкарка ја загуби битката со ракот, два дена пред смртта му остави емотивна порака на сопругот

Поранешната бразилска одбојкарска репрезентативка Ана Паула Борго ја загуби најважната битка со ракот и почина на 30-годишна возраст.

Таа замина во пензија во септември минатата година, кога ѝ беше дијагностицирана тешката болест, а последен пат се огласи два дена пред да почине, и тоа со емотивна порака во која откри дека прославува годишнина од бракот.

„Помина нашиот петти ден, а јас не бев доволно добро за да можам да зборувам. Петтиот ден го поминавме во болница, ти се грижеше за мене и ми кажа колку ме сакаш. Слушнав толку многу приказни за сопрузи кои ги оставиле своите жени кога се разболеа. Карлос беше сосема поинаков, ми покажа колку ме сака, ми покажа дека тој е човекот што ми го испрати Бог. Љубов моја, можам да кажам многу добри работи за тебе, да напишам толку многу текстови за твојот карактер, да кажам многу убави фрази за тоа што си, но… Само сакам секој да ја има привилегијата да го има Карлос во својот живот, син како Карлос, сопруг, брат и Карлос сигурно би бил одличен татко“, напиша Борго во својата последна објава на „Инстаграм“.

 

- Оглас -

Најнови вести