Бразилски фудбалер со автомобил падна во провалија од 200 метри и преживеа

Ветеранот Енрике кој игра како дефанзивен играч во средниот ред на клубот Крузеиро, се размина со смртта, како со својот автомобил падна во провалија од 200 метри. Четири противпожарни возила со 16 луѓе дошле за Енрике и неговиот џип да бидат извлечени од непристапното место каде завршиле по падот.

Спасувачката акција била отежнета и бидејќи се одвивала ноќе.

Фудбалерот бил жив, но во шок и не можел да раскаже што се случило. За негова среќа, нема ниту скршеница, а сега е во болница во Бело Хоризонте, свесен е, и во стабилна состојба.

Енрике е играч кој сезонава во бразилската лига одигра 33 меча. Тој од нова година беше позајмен во Флуминенсе, но не влезе во игра на ниту еден натпревар, па пред една недела се врати во Крузеиро.

- Оглас -

Најнови вести