Бразилски фудбалери казнети поради обложување на мечеви на коишто дури и самите играле

Англискиот репрезентативец Иван Тонеј не е единствениот фудбалер кој изминатиов период е обвинет за обложување на мечеви на коишто дури и тој самиот играл. Тонеј доби суспензија од осум месеци и ќе мора да плати парична казна од 50.000 фунти поради кршењето на Правилникот на Фудбалската асоцијација на Англија.

Во иста ситуација како Тонеј се најдоа двајца играчи од бразилскиот фудбал. Младите играчи на Вила Нова, Ромарио и Габриел Домингеш се уапсени во една полициска акција поврзана со обложувањето.

Наводно, овие двајца фудбалери учествувале во многу мечеви на кои резултатот на крајот бил „чуден“, а дури на три средби тие биле директно инволвирани.

Врховниот спортски суд за правда (СТЈД) донесе одлука за забрана за настап на овие двајца фудбалери, а казната може да биде поголема и од две години. Ромарио е казнет и со 25.000 бразилски реали, додека Габриел Домингеш е казнет со две години забрана за играње фудбал и парична казна од 15.000 бразилски реали.

- Оглас -

Најнови вести