Бразилскиот вундеркид не можеше да издржи да игра на 3650 метри надморска висина и едноставно падна на теренот

Бразилскиот Палмеирас продолжи со перфектниот биланс во групната фаза од Либертадорес купот откако утрово со 3:2 победи на гостувањето кај Боливар. Освен петте гола кои беа постигнати, мечот го одбележа моментот кога младиот 18-годишен тинејџер на Палмеирас, Естевао, едноставно не можеше да го продолжи мечот кој се играше на 3650 метри надморска висина.

Главниот град на Боливија, Ла Паз, е познат како град во кој тешко се игра фудбал поради надморската висина од 3650 метри. Младиот Естевао на денот на роденденот, и тоа кога наполни 18 години, беше стартер и постигна гол за 2:0 за Палмеирас.

Сепак, на почетокот на второто полувреме, односно во 59-тата минута, тинејџерот мораше да биде заменет откако му се слоши на теренот и поврати. Едноставно не можеше да издржи 90 минути да игра на толку голема надморска висина, па Естевао беше заменет.

По завршување на оваа сезона, Естевао ќе направи трансфер во Челзи. Англискиот клуб веќе има платено 34 милиони евра за трансферот, а сумата може да биде зголемена за дополнителни 23 милиони евра, зависно од играта и резултатите кои бразилскиот тинејџер ќе ги има во дресот на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести