28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Бразилското чудо од дете потпиша договор со „Најк“, има само 8 години (Видео)

Натан Инасио има само 8 години, а веќе потшиша договор за спонзорство со спортскиот гигант „Најки“.

Младиот Бразилец кој е познат како Натанзињо, игра за Фламенго, но иако е премлад, веќе доби договор.

Натанзињо постигна 18 голови во државното првенство за деца до осум години, беше најдобар стрелец и најдобар фудбалер.

Но, не секое чудо од дете веднаш прави супер кариера во светскиот фудбал како сениор. Одличен пример е Јусуфа Мукоко кој сега има 20 години, а потпиша 10-милионски договор со „Најки“ на 14-годишна возраст. Иако подоцна играше за Борусија Дортмунд, никогаш не го направи пробивот кој се очекуваше од него. Од ова лето тој игра за ФК Копенхаген.

За Натанзињо, патот до големата сцена е сè уште долг. Но, договорот со „Најки“ е добар почеток и вратите му се ширум отворени. Погледнете дел од неговите потези: 

- Оглас -

Најнови вести