Бразилците го спасија Реал Мадрид

Реал Мадрид со 2:0 ја победи Осасуна и се врати на само два бода заостанување зад лидерот Атлетико Мадрид во шпанското првенство, на четири кола до крајот. Кралевите имаа тотална офанзива против гостинот од Памплона, но дури во последните 15 минути успеа да го скрши отпорот на ривалот.

Во првото полувреме Реал упати 13 шута кон голот на Осасуна, најмногу сезонава без да даде погодок. Фаворитот продолжи со офанзива и во вториот дел, а во 76 минута, Едер Милитао донесе радост за домаќините.

Само четири минути по погодокот на Милитао, уште еден Бразилец во Реал, Касемиро, ја потврди победата на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести