Бразилците најмногу се плашат од клима уредите што се на стадионите!

Бразил има две победи во првите два меча на Светското првенство и веќе обезбеди место во осминафиналето. Кариоките уште немаат примено ниту еден гол и покажуваат дека освен застрашувачкиот напад, имаат и гранитна одбрана. Бразилците во Катар се дојдени во атак на шестата светска титула, а офанзивецот Антони откри дека клима уредите се нешто поради кое може фудбалерите да имаат поголеми проблеми.

Антони вели дека системот за разладување на стадионите значително ја намалува температурата на отворените стадиони и поради тоа дел од фудбалерите на Бразил имаат проблеми со грлото и кашлицата.

„Имав помали потешкотии, но сега закрепнувам. Беше тоа некоја кратка болест, со болки во грлото. Точно знам која е причината за тоа. Тоа е поради клима уредите кои се на стадионите. Не е само за мене, затоа што и моите соиграчи исто така имаа проблеми со грлото и кашлицата. Тоа беше непријатно и навистина не сакате поради таков проблем да пропуштите некој меч. За среќа сега сè е во ред“, вели Антони.

Технологијата која е развиена на Универзитетот во Катар користи соларна енергија за напојување на вентилаторите, кои го привлекуваат надворешниот воздух и го ладат, а потоа го праќаат низ вентилациските отвори на трибината и на теренот. Бидејќи се работи за систем на циркулација на воздухот, оладениот воздух повторно се вовлекува во системот, каде што се повторува процесот на ладење, но и се филтрира (прочистува) и потоа повторно се пушта низ вентилациските отвори на трибините и на теренот.

Температурата на стадионите во Катар се движи меѓу 18 и 24 степени.

- Оглас -

Најнови вести