Брдароски и Дориев се незадоволни: Арапските судии ни скроија незаслужен пораз

Владица Брдароски и Љупче Дориев се големи ривали во домашното првенство, но кога се со репрезентацијата на Македонија одлично соработуваат, а сега и двајцата грмнаа во еден глас од незадоволство по мечот со Саудиска Арабија.

Денеска во Абу Даби, Македонија загуби со 0:1 од Саудиска Арабија со примен гол во 85. минута, нои со два недосудени пенали во иста кација во 90. минута.

Актер во таа акција беше токму Дориев, кој е член на тетовска Шкендија и е голем ривал со Брдароски, кој настапува за Шкупи во домашното првенство.

“Одигравме навистина одличен натпревар. Дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне свое темпо или да создава сериозни шанси. Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за прикажаната игра. Треба да бидеме горди на нас самите и да се бориме и понатаму за место во репрезентацијата“, изјави Дориев.

„Штета што претрпевме незаслужен пораз. Арапските судии не отштетија во последните моментни со недосуден пенал. Примивме евтин гол и не заслуживме пораз. Покажавме дека играме добар фудбал и тоа против селекција што ќе игра на Светското првенство во Катар и можеме да очекуваме убава иднина за македонскиот фудбал“, рече Брдароски.

- Оглас -

Најнови вести