Крилниот напаѓач на Тотенхем, Бренан Џонсон, ќе го напушти лондонскиот клуб, но не и Лондон, потврди „Скај спорт“.
Тотенхем ја прифатил понудата од 40.000.000 евра за офанзивецот кој не е во плановите на Томас Франк.
Оваа сезона тој помина само 600 минути на теренот во Премиер лигата, најчесто влегувајќи од клупата, постигнувајќи два гола, еден во Лигата на шампионите и еден во Лига купот.
Во споредба со минатата сезона, кога одигра дури 51 натпревар во сите натпреварувања и поминал над 3.000 минути на теренот, јасно е дека младиот напаѓач не можел да биде задоволен со својот статус, па логично одлучил да замине.
Тотенхем ја прифатил понудата на Кристал палас од 40 милиони евра и сега се чека Џонсон да ги договори личните услови со новиот клуб.
Оливер Гласнер така ќе добие големо засилување во нападот бидејќи Џонсон ќе биде опција заедно со Џереми Пин, Исмаила Сар и Нкетија.
Кристал Палас се бори на повеќе фронтови, а главната цел е да нападне трофеј во конференциската лига на УЕФА, како и наредната сезона повторно да се обиде да обезбеди пласман во Европа.

