Брентфорд ќе се обиде да направи чудо што не му успеало на ниту еден лондонски тим

Премиер лигата денеска го добива јубилејниот 50-ти клуб, а честа му припадна на Брентфорд. Екипата од западен Лондон, дури 75 години чекаше да заигра во елитното англиско друштво, а вечерва на свој терен ќе игра против градскиот ривал Арсенал.

Ланската сезона во Чемпионшип, Брентфорд ја заврши со девет меча без пораз на свој терен, што дава дополнителна самодоверба на новиот член во Премиер лигата. Кога се работи за екипите од Лондон, ниту еден од деветте лондонски клубови кои се или биле дел од елитното друштво, во првиот меч не успеале да победат. Сега Брентфорд,како јубилеен 10-ти клуб од главниот град  ќе се обиде да го направи тоа што не им успеало на Арсенал, Челзи, Тотенхем, Вест хем….

Брантфорд и Арсенал последен пат во лигашки меч играа во мај 1947 година, кога Топчиите победиле со 1:0. Арсенал има шест гостувања кај Брантфорд и победил само еднаш, а има и едно реми и дури четири нерешени.

 

- Оглас -

Најнови вести