Англискиот премиерлигаш Брентфорд потпиша четиригодишен договор со 18-годишниот корејски дефанзивец Џи Соо Ким.
Младиот Кореец досега играше за клубот Сеонам во втората лига на Јужна Кореја, беше и учесник на младинското СП за играчи до 20 години, на кое Корејците беа четврти, а вредноста на трансферот е 640 илјади евра.
Пчелите од Лондон објавија дека Ким во следната сезона ќе игра за вториот тим на Брентфорд и во тој период ќе треба да научи англиски и да се навикне на животот во Англија.