Брентфорд го победи Вест Хем со 2-0, што за Пчелите е втора победа против Чеканите сезонава. После овој пораз, Вест Хем остана шести на табелата, но може лесно да падне некое место подолу и да остане без Европа.
Норвич го направи тоа што мораше и го победи Барнли со 2-0. Ова беше дуел на две од трите најслаби екипи во Премиерлигата. Канарицните останаа последни, а му направија лоша услуга на Барнли кој сега има четири бода помалку од Евертон кој е веднаш пред нив во безбедната зона.