Македонскиот фудбалски прволигаш Брера влезе во нови проблеми. Финансиските тешкотии добиваат официјален карактер откако е воспоставена забрана за трансфери.
ФИФА донесе одлука клубот од Струмица да добие забрана за регистрација на нови играчи во следните три преодни рокови, поради неисплатени долгови, тужби и судски пресуди на штета на клубот.
Суспензијата стапила на сила на 23 септември годинава, што значи дека оваа зима, следното лето и следната зима Брера ќе мора да настапува само со веќе постоечкиот играчки кадар.
Слични проблеми на почетокот на сезоната имаше и ФК Шкупи.