Македонскиот прволигаш Брера доведе уште едно квалитетно засилување за новата сезона во домашниот шампионат. Нов фудбалер на струмичкиот тим е Марјан Ристовски кој доаѓа од Вардар.
Минатата сезона тој одигра 29 натпревари со ефект од три гола и седум асистенции во дресот на Вардар.
Претходно Ристовски има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и за Кожуф.
„Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам сѐ од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, изјави Марјан Ристовски.
Претходно, Брера се засили со Французинот Дианеси и напаѓачот Антонио Каланоски.