Брера по продолжување на максималниот ефект, Тиквеш ќе ги лечи раните од поразот од Шкендија (Фото)

Екипите на Брера од Струмица и кавадаречки Тиквеш со дуел на СЦ „Пандев“ ќе го затворат некомплетното вонредно коло од Првата македонска фудбалска лига. Последниот дуел од ова четврто коло, во кој треба да се сретнат Воска и Струга, е одложен и ќе се одигра на 27 септември.

Струмичани се лидери на прволигашката табелата со максимални девет бодови од три натпревари, додека Тиквеш доживеа само еден пораз, и тоа во минатото коло на домашен терен од тетовската Шкендија.

Според квотите во Sport Life, екипата на Брера ја има фаворитската улога на овој натпревар со квота од 1.80, додека победата на Тиквеш носи коефициент од 4.00. Малку помала е квотата за нерешено, која изнесува 3.20.

Овие две екипи имаат одиграно вкупно шест меѓусебни натпревари во Првата лига и билансот е изедначен. Двете екипи победиле по трипати, со гол-разлика од 11-9 во корист на Тиквеш. Интересно, минатата сезона, кавадарчани победиле на сите три натпревари.

- Оглас -

Најнови вести