Бреша го моли Балотели да си оди од клубот во јануари

Марио Балотели ќе може да ја напушти Бреша уште во јануарскиот преоден рок, и тоа без никаква отштета. Во текот на оваа сезона Балотели даде само два гола во Серија А и нема некој поголем придонес во играта на тимот кој е на последното место на табелата само со седум освоени бодови по 13 одиграни меча.

„Во јануари може слободно да си замине од клубот. Во овој момент тој треба да реши кој е вистинскиот пат по кој ќе продолжи“, изјави претседателот на Бреша, Масимо Селино, кој додаде дека неговиот клуб нема да се откаже од борбата за опстанок.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести