Брест го сопре и Баер Леверкузен (Видео)

Францускиот прволигаш Брест се наоѓа како во бајка во Лигата на шампионите. Не знае за пораз и по третото коло, а по двете победи на стартот сега успеа да го сопре и германскиот првак Баер Леверкузен играјќи 1-1 на домашен терен.

Флоријан Вирц во 24-та минута го доведе во водство Баер Леверкузен, но израмни Пјер Лис-Мелу пред полувремето, во својот прв натпревар по враќањето на теренот по скршеницата на ногата.

Аталанта не успеа да стигне до победа на дуелот против Селтик во Бергамо. Мечот заврши без голови иако италијанскиот тим беше подобар противник.

- Оглас -

Најнови вести