Брилијантниот Дончиќ во друштво со Кари и Ентони

Сан Антонио го доби тексашкото дерби против Далас со конечни 105:101, но малку му недостасуваше на Лука Дончиќ да украде победа пред носот на легендарниот Грег Попович. Словенецот оваа средба ја заврши со 25 поени, осум скока и исто толку асистенции, а стана и првиот новак по Стеф Кари, кој успеал да постигне 25 или повеќе поени на пет последователни средби, додека по Kaрмело Ентони, Дончиќ е првиот тинејџер кој остварил ваков учинок.

Деветнаесетгодишниот кошаркар на Далас во својата дебитантска сезона игра брилијантно, одржува просек 20,2 поени, со 6,7 скока и пет асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=UON7Apmm4xU

- Оглас -

Најнови вести