12.8 C
Skopje
петок, 17 октомври 2025

Британскиот премиер ѝ се налути на Астон вила, мечот против Макаби можеби ќе се игра пред празни трибини?

Одлуката на раководството на Астон вила, како и на полициските власти во Бирмингем, да забранат гостински навивачи за мечот против Макаби Тел-Авив на шестти ноември предизвика лавина од реакции и осуди во Велика Британија.

Премиерот Кир Стармер јасно порача дека ова е погрешна одлука и дека да толерираат антисемитизам на нивна територија.

„Ова е погрешна одлука. Нема да толерираме антисемитизам на нашите улици. Улогата на полицијата е да обезбеди на сите навивачи да уживаат на натпреварот, без страв од насилство или застрашување.“ – напиша премиерот на Велика Британија.

Со осуда се огласија и од Еврејската заедница во Велика Британија, од каде повикаа доколку не биде дозволено присуство на израелските навивачи, да нема ниту домашна публика, а натпреварот да се одигра зад затворени врати.

- Оглас -

Најнови вести