Бриж нема избор, мора да го победи лидерот на белгиското првенство

5714 Иран – Ирак (15.30 часот)

Иран е во одлична позиција да се пласира на Светското првенство, а победа над вечниот ривал и земја против која беа и во долга војна уште повеќе би ги доближила Иранците до Мундијалот во Катар. Иран во досегашните шест кола има пет победи и едно реми, па важи за голем фаворит. Ирак нема победа, но има четири нерешени резултати во шесте кола. Иран е тим со најмногу дадени и најмалку примени голови во групата, па реално е да победи без примен гол. Во септември, кога Ирак беше домаќин, Иран славеше со 3-0.

Предлог тип: 1 Сигурна (1.54)

 

5716 Саудиска Арабија – Оман (18.15 часот)

Саудијците имаат 16 од максималните 18 бода, цврсто чекорат кон Мундијалот во Катар пред Јапонија и Австралија, додека Оман е четврти и нема реални шанси. Саудиска Арабија не е претерано ефикасен тим, има дадено 9 гола на шест меча. Во септември, кога играа во Оман, гостите победија со минимални 1-0. Интересно е што Саудиска Арабија на свој терен цели 20 години нема победа против Оман.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.98)

 

2201 Пушкаш академија – Ференцварош (18.30 часот)

Ова е дерби на унгарската лига, Пушкаш академија е на трето, а Ференцварош на прво место и разликата помеѓу нив е само четири бода. Овие два тима не блескаат во последно време, знаеја да одиграат и нерешено во мечеви на кои беа фаворити. Реми би му одговарало и на вториот Кишварда, кој има бод помалку од Ференцварош. Но, Ференцварош уште од април нема нерешен резултат на гостински терен. Последните четири нивни меѓусебни дуели кога Пушкаш академија беше домаќин, завршуваа со голови на двете страни и 2-4 гола.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

 

1662 Клуб Бриж – Ројал Унион (20.45 часот)

Бриж има девет бода помалку од лидерот Ројал Унион. Двата тима сигурно ќе бидат дел од плејофот, но за Бриж ова е шанса да ја намали бодовната негатива. Ројал Унион е најефикасен тим во лигата, а Бриж ја има најслабата одбрана меѓу првите пет екипи на табелата. Ројал е многу незгоден гостин, од 2 октомври наваму ги доби сите гостински лигашки мечеви. Бриж на стартот на сезонава, во август, победи на гости кај Ројал со 1-0.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

6049 Еквадор – Бразил (22.00 часот)

Бразил веќе има обезбедено место на Мундијалот во Катар, но во комплетен состав ќе игра на гостувањето во Кито. Кариоките немаат пораз и Еквадор нема да има нималку лесна задача. Бразил прими само четири гола на 13 меча. Еквадорците триумфираа во претходните две кола и нема да се поместат од третото место што и да се случи вечерва. Еквадор дома од 2004 нема победа над Бразил, а летоска на Копа Америка беше 1-1.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.64)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести