Голден стејт вориорс воопшто не наликува на најдбрата екипа во последната декада во НБА, а трикратниот шампион во последните 10 години вечерва загуби катастрофално од Милвоки бакс со 138:99.
Не помогна ниту еден од најдобрите бекови на денешницата, Стефон Кари, кој немоќно го следеше големиот дебакл на својот тим.
Бекот на Воините беше најефикасен во својот тим со 19 поени, но не одигра ниту една минута во четвртиот период, кога обично тој ги решава натпреварите.
https://twitter.com/NBA/status/1342586175807229954?s=20
Милвоки бакс ги доби сите четири периоди од по 12 минути, најубедливо последниот со 38:23 и ја забележа првата победа во новата сезона, по поразот од Бостон селтикс на премиерниот меч.
Крис Мидлтон беше најефикасен на мечот со 31 поен, а зад него е Јанис Адетокумбо со 15 поени.
Интересно е што ова е втор пораз за Голден стејт во новата сезона со над 25 поени разлика, а и на двата дуели тимот на ја мина стотката, што е невообичаено за тимот што играше пет финалиња во последната декада и освои три титули, а беше еден од најефикасните во НБА лигата.