Рон Броја со убав гол му донесе реми на Шкупи на пријателскиот меч против Сараево, екипа чиј капитен е македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.
Лидерот во првентството на Босна и Херцеговина поведе со голот на Рахмановиќ, а стрелец за Шкупи беше репрезентативецот на Косово, Рон Броја.
Шкупи во продолжението од мечот имаше фудбалер повеќе, но не ја искористи можноста да победи. Велкоски играше за Сараево, а ова беше добар тест за двете екипи кои имаат големи амбиции во домашните првенства.