22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Бројот 20 во Ливерпул нема да се носи веќе никогаш нуту во младинскиот, ниту во женскиот тим

Од фудбалскиот клуб Ливерпул и официјално потврдија дека го повлекуваат од употреба дресот со бројот 20. Оваа одлука е во знак на сеќавање на Диого Жота, фудбалерот кој пред десетина дена загина во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Жота беше фудбалер на Ливерпул четири и пол години и со многу успех го носеше дресот со бројот 20. Пред само два месеци, Ливерпул ја прослави 20-тата шампионска титула во Англија, а токму Жота одигра важна улога во овој успех.

„Верувам дека ова е прв пат во историјата на Фудбалскиот клуб Ливерпул таква чест да му се додели на поединец. Затоа, можеме да кажеме дека ова е единствена почит кон една уникатно прекрасна личност. Со повлекувањето на овој број на тимот, го правиме вечен – и затоа никогаш да не биде заборавен. Диого ни се придружи во 2020 година, ни го освои бројот 20 и го носеше – со чест, одлика и љубов – бројот 20. Што се однесува до фудбалскиот клуб Ливерпул, тој засекогаш ќе биде наш број 20“, рече Мајкл Едвардс, извршен директор на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести