Брозовиќ има огромно срце и е исклучително скромен – Побарал да остане тајна дека и помогнал на Менче

Марсело Брозовиќ покажа дека има огромно срце, а е и исклучително скромен и при помошта за Македонката Менче Трповска воопшто и не сакал да се објавува дека тој е човекот што уплатил 3.000 евра.

Целата акција одеше преку балканската фан страницата на Интер, а Брозовиќ побарал да не се објавува дека тој е човекот што и помогна на девојката од Македонија.

Гестот на играчот на Интер оддекна и во светски рамки, а наиде на воодушевување кај сите, без разлика на клупската припадност и симпатиите кон одреден клуб.

Менче му се заблагодари на фудбалерот на Интер во изјава за „Фокус.

„Возбудена сум многу и пресреќна. Иако не следам фудбал и не сум слушнала за него, многу сум му благодарна за неговиот придонес. Во секој случај, по реакциите на моите блиски, сфатив дека е популарен и добар играч, а сега покажа дека е добар и хуман човек. Би му кажала дека ми го подобри животот со еден негов потег“, изјавила 26-годишната девојка.

Операцијата треба да се изврши во Србија откако ќе се смири воспалението на левиот колк.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести