Менче не знае кој е Брозовиќ, но бескрајно му благодари што плати за нејзината операција

Информацијата дека хрватскиот фудбалер Марцело Брозовиќ донирал 3.000 евра за операција на Македонката Стаменка Менче Трповска го воодушеви регионот, играчот на Интер покажа огромна човечност и веднаш откако преку фејсбук-страницата на фан клубот на Интер од Балканот дозна за веста дека за операција на колкот на девојка од Македонија се потребни 3.000 евра, тој ја уплати сумата.

Стаменка во изјава за „Фокус“ вели дека не следи фудбал и немала слушнато за Брозовиќ.

„Возбудена сум многу и пресреќна. Иако не следам фудбал и не сум слушнала за него, многу сум му благодарна за неговиот придонес. Во секој случај, по реакциите на моите блиски, сфатив дека е популарен и добар играч, а сега покажа дека е добар и хуман човек. Би му кажала дека ми го подобри животот со еден негов потег“, изјавила 26-годишната девојка.

Операцијата треба да се изврши во Србија откако ќе се смири воспалението на левиот колк.

- Оглас -

Најнови вести