Мечот во „Барклајс центер“ во Њујорк донесе најмногу возбудувања во ноќната НБА програма. Бруклин и Бостон мораа да играат дури две продолженија за да го одлучат победникот, откако мечот во регуларното време заврши нерешено, 104-104.
На крајот на победата се радуваа Селтикси со 126-130 и на тој начин дури по 10 дополнителни минути ја оправдаа фаворитската улога.
Ништо помалку интересно не беше ниту во Милвоки, каде домашните загубија, иако беа апсолутни фаворити за триумф пред мечот. Победата му припадна на Денвер со 100-102, но иако на крајот беше тесно, сепак, гостите во последниот период имаа предност и од дури 23 поени, но на крајот се доведоа во ситуација во пенал завршница да ја спасуваат победата.
Резултати:
Детроит – Хјустон 104-111
Атланта – Феникс 110-103
Бруклин – Бостон 126-130 (104-104)
Кливленд – Сакраменто 123-118
Мемфис – Њу Орлеанс 127-133
Оклахома – Индијана 114-117
Милвоки – Денвер 100-102
Портланд – Торонто 98-110

