28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Бруно Фернандеш двоен стрелец во триумфот на Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер jунајтед го совлада Вест хем со 2-1 на пријателски натпревар во САД кој е дел од летната турнеја.

Двата погодоци за Црвените ѓаволи ги постигна Бруно Фернандеш. На овој меч дебитираше и новото засилување Матеус Куња.

Натпреварот се одигра на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд. Јунајтед поведе уште во петтата минута со гол од пенал. Во 52-та минута Коби Меино му асистираше на Бруно, кој со прецизен удар го совлада голманот Ареола.

Вест хем успеа да намали преку Џарод Боувен на околу половина час пред крајот, но не и да стигне до израмнување.

Во уште еден премиерлигашки дуел на американска почва, Борнмут го победи Евертон со убедливи 3-0.

- Оглас -

Најнови вести