20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Бруно Фернандеш го изведе еден од најлошите пенали во историјата, Роналдо го тешеше (Видео)

Манчестер јунајтед за прв пат по 12 години загуби на свој терен од Астон вила и тоа на драматичен начин. Гостите од Битмингем поведоа со гол во 88 минута, а Јунајтед имаше шанса да се спаси од пораз во судиското надополнување.

Беше досуден пенал за Црвените ѓаволи, а Бруно Фернандеш ја имаше одговорноста да погоди, иако на теренот беше и Кристијано Роналдо. Иако важи за еден од најдобрите изведувачи на пенали, овојпат шутот на Фернандеш заврши високо над голот на Астон вила.

Кристијано Роналдо прв дојде до Фернандеш и му даде поддршка и покрај големото промашување. За Португалецот ова беше само втор промашен пенал во дресот на Манчестер јунајтед од 23 шута од белата точка.

 

- Оглас -

Најнови вести