25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Бруно Фернандеш го обвини судијата за промашениот пенал

Капитенот на Манчестер jунајтед, Бруно Фернандеш, продолжи со низата промашени пенали на вчерашниот натпревар против Фулам во Премиер лигата.

Португалецот имаше одлична шанса да го доведе својот тим во водство, но промаши, а причината за својот неуспех ја најде во судијата Крис Кавена.

Според Фернандеш, контактот со арбитaрот го нарушил неговиот ритуал при изведувањето на пеналот, а судијата не му се извинил.

„Вознемирен бев. Кога изведуваш пенал, имаш ритуал, свои работи што ги правиш. Ме вознемири тоа што судијата не ми се извини. Тоа ме испровоцира во моментот, но не е изговор зошто промашив. Лошо ја шутнав топката“, изјави Фернандеш.

- Оглас -

Најнови вести