28.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Бруно Фернандеш: „Некои фудбалери си го заборавиле квалитетот на друго место“

Манчестер јунајтед одигра лош подготвителен меч против Евертон (2-2) во Атланта, а тоа било повод за капитенот, Бруно Фернандеш, да упати жестока порака до соиграчите на социјалната мрежа „ВатсАп“, која протече во јавност.

„Важно за нашиот развој е да играме како што посакуваме и новите фудбалери тоа што побрзо да го сфатат. Не сакавме вака да заврши. Нашата игра не беше најдобра, бевме премногу мрзеливи. Се подобруваме, но се уште не сме таму каде што сакаме да бидеме. Не сакам никого да именувам со име и презиме, но клубот работи на ангажман на нови фудбалери. Јасно е дека ни треба поширок ростер. Некои фудбалери се само физички овде, а квалитетот го оставиле на некое друго место. Се надевам дека ќе донесеме уште еден или двајца играчи за да го решиме тоа.“ – напишал Бруно Фернандеш.

Британските медиуми сметаат дека Португалецот оваа порака ја напишал за да ги мотивира своите соиграчи. Манчестер јунајтед пред почетокот на сезоната ќе одигра и пријателски меч против Фиорентина на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести