Бруно не се „продаде“ за богатството во Саудиска Арабија

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, одби трансфер од 200 милиони фунти во гигантот од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, тврди Фабрицио Романо.

Португалецот ќе ги добиеше парите само за три сезони, сума која е речиси четири пати поголема од неговата сегашна неделна плата од околу 700.000 фунти, додека клубот беше подготвен да им плати на Црвените ѓаволи трансфер од 100 милиони фунти.

Агентот на Бруно, Мигел Пињо, неодамна престојуваше во Ријад на неколку дена, каде што имаше бројни средби со претставници на Ал-Хилал.

На крајот, сепак Фернандеш донесе одлука за својата иднина и го одби огромниот хонорар, што не значи дека нема да биде продаден од Јунајтед, туку дека сепак сака да игра на високо ниво во Европа.

Фудбалерот во последно време дава спротивставени и нејасни информации за тоа како сака да ја продолжи кариерата, што исто така создаде конфузија околу тоа дали ќе остане во клубот или не.

По поразот од Тотенхем во финалето на Лигата на Европа изјави дека може да си замине и ќе ја почитува одлуката на клубот доколку решат да го продадат за добра сума.

- Оглас -

Најнови вести