Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, би можел да стане соиграч на неговиот репрезентативен колега Кристијано Роналдо со кој една сезона играа заедно и за англискиот гигант.
Саудиски Ал-Наср покажува интерес за Португалецот и планира да му достави понуда на Манчестер јунајтед.
Новиот тренер на Ал-Наср, Жорже Жезус, е лично заинтересиран за услугите на капитенот на Црвените ѓаволи. Под негово водство, Бруно дебитираше за првиот тим на Спортинг во 2017 година.
Жезус се обидува да изгради португалско јадро со Фернандеш, Кристијано Роналдо и Жоао Феликс во тимот, и освен парите, тоа е вториот силен адур во обидот да го натераат да прифати да замине од Манчестер и да им се приклучи.