Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, денеска против Лестер го игра својот 250-ти меч во дресот на Црвените ѓаволи, а јубилејот го прослави со убав гол, негов 83-ти за тимот од „Олд Трафорд“.
Интересно е дека Португалецот е во голгетерска форма откако тимот го води привремениот тренер Руд Ван Нистелрој. Има четири гола на четири меча. Претходно, на 13 меча под водство на екс менаџерот Ерик Тен Хаг, немаше ниту еден погодок сезонава.
BRUNO FERNANDES!!!!!!!!!!!!!!!!!!
UNITED TAKE THE LEAD FROM THE SKIPPER AFTER A WONDERFUL AMAD CUTBACK!!!!MANCHESTER UNITED 1-0 LEICESTER#MUNLEI #PL
Follow for more goals and highlights 🔥 pic.twitter.com/3tde5v8n8V
— Matchday Goals ⚽ (@MDay_goals) November 10, 2024