Бруно Фернандеш беше еден од стрелците за Манчестер јунајтед во денешното реми од 2-2 на гостувањето кај Лестер во мечот со кој се отвори Боксинг деј.
Португалецот погоди за 2-1 во 79-тата минута, што беше негов 11-ти овосезонски погодок во Премиер лигата, односно 18-ти во кој учествувал како стрелец или асистент во 15 одиграни натпревари.
Вклучувајќи ги осумте погодоци и седумте асистенции од минатата сезона, Фернандеш стигна до учинок од 33 премиерлигашки гола кои ги забележал како стрелец и асистент во 2020 година и така урна рекорд на Френк Лампард, легендата и сегашен менаџер на Челзи.
Имено, Фернандеш го урна рекордот кој Лампард го постави во 2009 година со 29 погодоци и асистенции во една календарска година, а ѕвездата на Јунајтед сега брои четири повеќе.
Бруно за три дена ќе може да го надополни рекордот доколку запише погодок против Вулверхемптон на 29 декември во мечот од 16-тото коло во Премиер лигата.