Реал Мадрид продолжува со фантастичните игри сезонава, откако синоќа со 3:1 славеше над Севилја во дербито на шпанската Примера дивисион. Кралскиот клуб има 10 победи и само едно реми во првите 11 кола, со што потврдува дека е со амбиции да го одбрани тронот во домашното првенство.
Федерико Валверде е еден од оние кои сезонава блеска. Уругваецот веќе има постигнато шест гола сезонава, а синоќа против Севилја даде фантастичен погодок за 3:1 со што ги сруши сите надежи на гостите дека може да си заминат непоразени од „Сантијаго Бернабеу“.
Кога се очекуваше крајот на дуелот во Мадрид, во 95 минута се случи еден брутален старт кој можеше да значи тешка повреда за Валверде. Кога се чекаше само крајот на дуелот, Валверде беше во напад, а Папу Гомез брутално стартуваше директно врз зглобот на неговата лева нога.
La entrada de Papu Gómez a @fedeevalverde pic.twitter.com/iI47cgKF9p
— alex (@alex7brady17) October 22, 2022
Аргентинецот од Севилја немаше никаква потреба од ваков старт во моментите кога требаше дуелот да заврши, а за среќа, Валверде брзо стана и најверојатно не е потешко повреден. За овој брутален старт судијата му даде само жолт картон на Гомез, иако многумина коментираат дека Аргентинецот заслужи исклучување за стартот поради кој Уругваецот можеше да остане дури и без настап на Светското првенство во Катар.