Полска е позната како земја која сака да експериментира кога се работи за ММА борбите. На последниот таков настан со борби во октагонот покажаа како овој спорт може да биде тимски.
Направија борби во машка и женска конкуренција. Кај мажите во октагонот влегуваа во борба „пет на пет“, а на една од борбите за малку можеше да има убиство. Откако противникот падна во несвест, борецот продолжи да го удира беспомошниот противник. Дури по неколку секунди, судијата успеа да го сопре бруталниот тепач да не го убие противникот.
https://twitter.com/i/status/1464358960266452993
Во женска конкуренција групните тепачки се „три на три“, каде што исто така не се штедат силите, но и не се жалат противничките.
https://twitter.com/i/status/1464351226204672007