Будуќност и Партизан полуфиналисти на Суперкупот на АБА

Првакот на АБА-лигата, Будуќност, со потешкотии ја совлада Игокеа со 90:86 во второто четврт-финале на Суперкупот на јадранската лига во Бар. Попладнево, Партизан славеше против домашниот Морнар со 91:77.

Игокеа беше подобра од евролигашот во првото полувреме, но квалитетот на тимот на тренерот Александар Џикиќ дојде до израз во второто полувреме, иако се гледаше дека Будуќност е далеку од потребната натпреварувачка форма.

Партизан приреди мало изненадување со прилично убедливата победа над Морнар, кој во минатата сезона беше најпријатно изненадување во лигата кога стигна до полуфиналето на плејофот. Еден од судиите на оваа средба беше Александар Давидов.

Утре во салата „Тополица“ се играат другите две четврт-финалиња. Двојките се Цедевита – Задар и Црвена ѕвезда – Петрол Олимпија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести