Џиџи Буфон би бранел уште десет години

Трансферот на Џанлуиџи Буфон од Јувентус во Пари Сен Жермен беше со цел ветеранот да го одложи своето пензионирање, а сега има намера да брани уште долго. Иако има 40 години, Буфон не покажува знаци на стареење, уште е во добра форма, па оптимист е дека ќе може кариерата да ја продолжи за уште цели десетина години.

По 17 години во Јувентус, освојувачот на СП од 2006 година со Италија реши да прифати нов предизвик во кариерата и да се пресели со ПСЖ, чиј богат газда не жали пари за да направи тим кој ќе владее во Европа.

„Во последните години научив дека е погрешно да се поставуваат лимити. На 32 години мислев дека ќе бранам до 35, а потоа околностите диктираа да продолжам и понатаму. Тогаш си реков ќе завршам на 38 години, а кога наполнив 38, си реков да продолжам до 40. Можам да се пензионирам по шест месеци, по една година или по 10 години, веќе не ми е важно кога ќе биде тоа, не сакам да знам“, изјави Буфон, кој има договор на една сезона, со можност за продолжување до летото 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести