Буфон и голманот на Интер направија глупост, но таа не се мери со тоа што го направи чуварот на мрежата на Рапид (Видео)

Голманите некако се во центарот на вниманието во последните неколку дена. Легендарниот Џанлуиџи Буфон го направи најголемиот кикс во кариерата, кога ја промаши топката и прими бизарен гол во поразот на Парма од Перуџа.

Ништо подобар од Буфон не беше ниту резервниот голман на Интер, Раду. Нераѕурите вечерва загубија на гости кај Болоња, а токму Раду е највиновен за овој пораз. На 10 минути пред крајот, чуварот на мрежата на Интер лошо реагираше, а Сансоне го искористи подарокот и погоди за победа на Болоња од 2:1.

Иако овие киксови на Буфон и Раду се огромни, сепак има некој кој е со поголема глупост од нив. Голманот на Рапид Виена, Никлас Хелс, реши да го удри противничкиот играч во шеснаесетникот, што автоматски значеше црвен картон за него, но и пенал за Клагенфурт.

 

- Оглас -

Најнови вести