Провокација пред реваншот или вистина: ПСЖ сака ова лето да го купи Хари Кејн

Англискиот напаѓач Хари Кејн би можел да направи изненадувачки трансфер претстојното лето, при што се споменува можноста да го напушти германскиот првак Баерн Минхен и да се пресели во францускиот гигант ПСЖ.

Овие информации доаѓаат од француски медиуми, и тоа во пресрет на големиот дуел меѓу двата тима во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Клубот од Париз наводно сериозно е заинтересиран за Кејн и сака да го донесе како големо засилување ова лето.

Иако англискиот голгетер доминира во нападот на Баерн, тој наводно ќе мора наскоро да донесе одлука околу својата иднина.

Оваа сезона Кејн одигра 47 натпревари за Баерн Минхен, постигнувајќи 54 гола и додавајќи седум асистенции, со што уште еднаш ја потврди својата врвна форма.

- Оглас -

Најнови вести