Буфон се договори со Јувентус, но има еден услов кој Сари мора да го исполни

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон се враќа во Јувентус. Легендарниот 41-годишен чувар на мрежата, цели 17 години беше на голот на гигантот од Торино, а минатата сезона си замина и потпиша за ПСЖ. Иако имаше договор 1+1 година, популарниот Џиџи по само 12 месеци реши да си замине од „Паркот на принцовите“.

Буфон веќе ги договори личните услови со Јувентус и за наредната сезона ќе заработи 1,5 милиони евра. Оваа сума е и одлична за ветеран кој има преку 40 години. Во договорот кој го потпишал, Буфон имал само еден услов до тренерот Маурицио Сари.

Голманот барал да стои клаузула во која Буфон ќе брани на најмалку осум меча во Серија А, за да може да го надмине рекордот на Паоло Малдини. Некогашниот капитен на Милан е рекордер со 674 настапи во Серија А, а Буфон досега има 667 средби во калчото.

 

 

- Оглас -

Најнови вести