Бојан Миовски даде два гола за едно полувреме во Купот на Шкотска (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, успеа да постигне два гола за Глазгов Ренџерс во меч од 1/16-финалето на шкотскиот Куп.

Миовски погодуваше во 12-тата и во 32-рата минута на мечот против четвртолигашот Анан, а Глазгов Ренџерс има водство од 2-0 на полувремето.

Македонецот со овие два гола дојде до вкупно седум во дресот на Глазгов Ренџерс и уште еднаш докажа дека Шкотска и тоа како му лежи.

- Оглас -

Најнови вести